Условите, критериумите и потребните документи за остварување на правото на сместување во студентски дом се наведени во конкурсот кој е објавен на следниот линк.

Објавил: Мирко Бачиќ | 18 септември, 2021 16:44

Во тек е пријавувањето на бруцоши за сместување во државни студентски домови за студиската 2021/2022 година

Фото/Текст извор: ©магазин

Министерството за образование и наука ги потсетува студентите од прва година запишани на јавните и приватните високообразовани институции во државата дека во тек е аплицирањето за место во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија, за студиската 2021/2022 година. Крајниот рок за поднесување на апликациите е 24.9.2021 година.   

Условите, критериумите и потребните документи за остварување на правото на сместување во студентски дом се наведени во конкурсот кој е објавен на следниот линк.

Студентите кои ги исполнуваат условите пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во студентскиот дом. 

За бруцошите се предвидени 1249 места во студентските домови.

За слободните места во студентските домови, кои се останати непополнети по објавување на конечните списоци, пријавувањето ќе продолжи сé до пополнување на истите, но не подоцна од 15.11.2021 година.

Согласно информациите по објавата на резултатите од аплицирањето на студентите од втора и повисоките години на студии, останати слободни места  има во студентскиот дом „Пелагонија“ (300), во „Кузман Јосифовски – Питу“ (30), „Томе Стефановски – Сениќ“ (110) и во третата зграда во „Стив Наумов“ (300).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...