Приведени странки државјанки кои работеле „на црно„ во угостителски објекти во Тетово и Гостивар, но надлежните ќутат?

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 јануари, 2019 0:37

Во Тетово и Гостивар цвета проституцијата како никогаш досега!

Фото/Текст извор: ©МВР / Магазин

При контролата на припадниците на Министерството за внатрешни работи во пет угостителски објекти во Тетово и Гостивар биле затекнати 39 женски лица, тринаесет од нив биле од Македонија, а додека пак 26 биле странски државјанки.

Странските државјанки на возраст од 20 до 46 години биле приведени поради нелегален престој, а и исто така нелегално биле вработени.

Од нив единаесет  биле државјанки на Србија, девет на Албанија, четири на Бугарија и по една државјанка на Босна и Херцеговина и на Косово.


Претходно во летото 2018 година исто така беа фатени и протерани странски државјанки. 

Во акциска контрола на МВР во два угостителски објекта во Тетово, тогаш биле приведени 32 девојки од регионот.

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи  се вели дека  во акцијата, која се одвивала во времето од 23 до 3 часот утринава, во двата објекта а по претходни сознанија  полицијата пронашла и привела 22 државјанки на Албанија, една на Косово, две од Србија и седум Македонки

Во Декември пак Министерството за внатрешни работи информира дека во 10:00 часот во Тетово на улицата „120“, од страна на полициски службеници од СВР-Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување при вршење проституција“ приведена била Ј.Н. (47) од Република Бугарија.


Не помалце е развиена и проституцијата во Скопје. Иако таа не е дозволена сепак се има впечатокот дека власта не сака да превземе мерки. Имено на многу веб адреси кои завршуваат со .мк може да се најдат огласи за таканаречените „дискретни масажи„ з 2000 до 3000 денари.

Во Декември во 2013 година исто така  во локали во Тетово и Гостивар се приведени 38 девојки. Имено во село Чегране-Гостивар, во објектот „Нота“ при акциска контрола од страна на полициски службеници од Полициската станица-Гостивар, поради сомнение за посредување при проституција приведени се 11 албански државјанки и една бугарска државјанка. Во Тетово, во објектот „Бели“ при акциска контрола од страна на полициски службеници од Полициската станица-Тетово и инспектор од УЈП, поради утврдување идентитет, приведени се 25 албански државјанки и една македонска државјанка.

Во Јануари 2015 година Тетовец посредувал при проституција на две албански државјанки
Девојките биле нудени за сексуални услуги во угостителскиот објект „АББА“, за 1.000 денари Секторот за внатрешни работи од Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(65) од Тетово поради сомнение дека сторил две кривични дела: посредување во вршење

Во Октомври 2017 година, портпаролот на Тетовската полиција Марјан Јосифовски изјави:

„Споредено со пред десетина години, лани и годинава посебно, значително намален е бројот на странските државјанки кои непријавено престојуваат и работат на ова подрачје. Тогаш, далеку поголем беше бројот на вакви лица, пред сè од Бугарија, Украина или Молдавија, кога само во една акциска контрола се откриваа и по педесетина и повеќе девојки. Кога станува збор за откриените странски државјанки постои сомнение дека некои од нив се инволвирани во проституција, односно трговија со луѓе или други криминални активности. Меѓутоа непобитен факт, кој се темели на нашето досегашно професионално искуство е дека трговијата со луѓе тешко се препознава и докажува“, објаснува портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифовски.

Полицијата во тетовскиот регион речиси секоја недела има акции по локалите, при што се откриваат странските државјанки кои непријавено престојуваат и работат на ова подрачје. Во споредба од пред десетина година, нивниот број сега значително е намален.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Еротика