Маршот ќе биде мирен и ќе започне од плоштадот Илирија во центарот на Тетово, а ќе заврши пред болницата.

Објавил: admin@magazin | 11 септември, 2021 11:31

Во Тетово ќе се организира протестен марш во чест на жртвите

Фото/Текст извор: ©магазин

Навивачката група „Бласти“ објави дека денеска во 13.30 часот ќе се организира протестен марш во чест на жртвите кои го загубија животот во модуларната ковид болница во Тетово.

Маршот ќе биде мирен и ќе започне од плоштадот Илирија во центарот на Тетово, а ќе заврши пред болницата.

Вечерта на 8 септември по избувнување на пожарот во модуларната болница животот го изгубија 14 лица, а 12 беа повредени.

Директорот и финансискиот директор на Клиничката болница во Тетово, заедно со министерот за здравство и неговиот заемник вчера поднесоа оставки, само Филипче понуди оставка!

Никој од нив не призна дека имало грешки уште при изградбата на модуларната болница во Тетово!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.