Веста за неговата смрт ја објавија и неговите блиски пријатели кои со тажни зборови се потсетија на докторот кој трагично го загуби животот во синоќешниот пожар.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 септември, 2021 19:27

Во тетовската болница изгоре и доктор Ферди Саќири (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска иако беше објавено дека ниту едно лице од медицинскиот персонал во тетовската модуларна болница не се наоѓа меѓу жртвите кои вчера го загубија животот во големиот пожар, сепак медиумите на албански јазик во земјава го објавуваат спротивното.

Имено тие дознаваат дека вчера во трагедијата животот го изгубил и Ферди Саќири, пренесува „Тетова експрес

Веста за неговата смрт ја објавија и неговите блиски пријатели кои со тажни зборови се потсетија на докторот кој трагично го загуби животот во синоќешниот пожар.

Имено според пишувањата на медиумот тој неодамна го прележал и коронавирусот, но не успеа да се спаси од огнените јазици вчера.

На возраст од 29 до 79 години се лицата кои вчера го загубија животот во пожарот што ја зафати модуларната ковид-болница во Тетово.

Телата на 14-те починати се предадени на Судска медицина и на дел од нив е завршена обдукцијата, а за останатите се одвива во текот на денешниот ден, информираше министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

По трагичниот настан во Тетово прогласена е тридневна жалост низ целата земја. Државното знаме е поставено на половина копје.

Изгоре жива во болницата во Тетово спасувајќи ја мајка си!

По трагичниот настан во Тетово прогласена е тридневна жалост низ целата земја. Државното...

На оваа седница министрите за внатрешни работи и за здравство информираа за досега утврдената состојба од пожарот со трагични последици и истакнаа дека увидот за утврдување на причините продолжува и денеска.

Владата прогласи тридневна жалост за несреќата во КОВИД центарот во Тетово

Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот...

Увид на лице место на 27.08. 2021 беше извршен од страна на екипа на Министерството за внатрешни работи, лекар од итна медицинска помош и надлежен јавен обвинител.

ЖАЛНА ВЕСТ: Почина братот на претседателот Пендаровски

По повод информациите објавени попладнево на порталите, кабинетот на претседателот...