Премиерот Заев контрадикторен самиот на себе, изјави, не е се исто дали ќе пишува бугарски фашистички куршум или фашистички куршум, но историјата е таа и не ја менуваме

Објавил: Мартин Попоски | 29 ноември, 2018 14:38

Во учебниците не може да стои “бугарски фашистички куршум”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во декември македонската и бугарската Влада ќе имаат седница во Бугарија, на која заедничката Kомисија ќе реферира за нејзините активности, информираше на собраниска седница премиерот Зоран Заев.

Премиерот потврди дека членовите на комисијата разговараат и за промена во учебниците, но не прецизираше за кои учебници станува збор, посочувајќи дека тоа се прави во духот на пријателството и оти штом ќе има резултати, Парламентот и јавноста ќе бидат информирани.

Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО – ДПМНЕ на денешната седница постави прашање кои учебници ќе се менуваат повикувајќи се на информација објавена во медиумите.

Точно е дел од комисиите разговараат и за дел од учебниците, но веднаш штом ќе има нешто што биде договорено пред институциите на системот тоа ќе се сподели и ќе се соопшти во јавноста. Се зборува за одредени работи што стојат во учебниците… бугарски фашистички куршум… што не се во духот на пријателството.

Би сакал да испратам сериозна порака дека она што ќе се случува со промена на учебниците во Македонија и во Бугарија, или, и во Македонија и во Грција, ќе биде во духот на градење на идно и трајно пријателство. Нема да биде во духот на нешто што дефинитивно ќе биде незгодно, чуствително или слично. Оттука некоректно е да се бара кои се тие 30 учебници, дали се предвидени средства за овие работи, кои се промените и слично.– рече премиерот.

Заев очекува, според информација од Министерството за надворешни работи, на следната заедничка владина седница меѓу Македонија и Бугарија членовите на заедничката Комисија да реферираат пред двете влади за тоа до каде се стигнати, колкав напредок е направен и кои се нивните очекувања.

Како ќе реферерираат пред Владата, така ќе споделиме со Парламентот и со нашата јавност. – рече Заев.

Зборувајќи, како што рече, за нашиот сосед Ласовска посочи дека европска вредност е да си ја признаете грешката, а да не барате од соседите да се извинуваат за нешто што не направиле. Пратеничката рече дека сите ние досега сме учеле дека Бугарите биле окупатори.

Во Прилеп има Музеј, се ќе урнеме, ќе менуваме… Нешто што е неспорен факт. Јас прашав кои се тие учебници, а вие се врзавте за историјата. – рече пратеничката на опозицијата и праша кои се останатите учебници во тие 30 што ќе се менуваат.

Премиерот реплицираше дека се прави се што е можно да се избегне непријатност и предизвикување иредентизам.

Кога ние ќе кажеме да комисијата постигна договор и во договорот тоа значи токму тоа и ќе соопштиме, сето друго е проструена вест. Ви кажувам дека можеби е податок дека разговараат и за учебници, да јас знам дека треба да разговаат за учебници, кои во моментов на двете страни може да предизвикаат иредентизам односно непријатност. Сакаме да го отстраниме тоа колку што е возможно во духот на тоа пријателство и не е се исто дали ќе пишува бугарски фашистички куршум или ќе пишува фашистички куршум ако градиме пријателство. Историјата е таа и не ја менуваме. – рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.