Осомничените планирале да нападнат со појаси со експлозиви и автоматски пушки и да детонираат автомобил бомба на голем настан во Холандија на кој би имало многу жртви

Објавил: Мартин Попоски | 28 септември, 2018 6:06

Во Холандија спречен голем терористички напад

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Холандската полиција спречила “голем терористички напад” за време на “голем собир” во државата.

Седум луѓе се уапсени под сомненија дека планирале напад со автоматско оружје и со појаси со експлозиви.

Тројца од осомничените биле уапсени претходно, откако се обиделе да се зачленат во екстремистичка организација во странство. Меѓу нив е лидерот на групата, Ирачанин на возраст од 34 години кој лани бил осуден дека патувал во странство за да влезе во редовите на ИД.

Осомничените сакале да купат автоматски пушки, пиштоли, рачни бомби, појаси со експлозиви и материјали за автомобил бомби.

Холандската полиција била известена од разузнавањето дека лидерот на групата планирал напад за време на “голем настан во Холандија на кој би имало многу жртви”.

Осомничените планирале да нападнат со појаси со експлозиви и автоматски пушки и да детонираат автомобил бомба на друго место.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Швајцарската влада сака да може подобро да ја контролира имиграцијата. Така економистот Рајнер Ајхенбергер доаѓа со провокативно барање: Секој што сака да се насели во Швајцарија ќе мора да плати.

Економист бара данок од 50.000 франци за сите кои сакаат да се преселат во Швајцарија

Високото ниво на имиграција во Швајцарија ги посгрева умовите на луѓето. Транспортната...