– Бројот на потврдени случаи опаѓа веќе две недели, а опаѓа и бројот на ново хоспитализирани. Истото е и со бројот на пациенти на респиратори, тој број се стабилизира. Ако ова продолжи, очекуваме да се намали бројот на смртни случаи дневно – рече премиерот.

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 декември, 2020 12:45

Во Хрватска вакцинацијата започнува на 27 декември, пристигнуваат првите 9750 дози

Фото/Текст извор: ©слободен печат

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ на денешната владина седница соопшти дека вкупниот број на случаи во последните седум дена е 17.000, што е за 28 проценти помалку од претходните седум дена.

 Бројот на потврдени случаи опаѓа веќе две недели, а опаѓа и бројот на ново хоспитализирани. Истото е и со бројот на пациенти на респиратори, тој број се стабилизира. Ако ова продолжи, очекуваме да се намали бројот на смртни случаи дневно – рече премиерот.

Тој нагласи дека овие податоци не се причина за релаксирање бидејќи вирусот е сè уште присутен.

 Божиќ е за два дена, ова беше тешка година, но многу е важно сега да не се опуштиме за да не бидат празниците критични за оние кои се во најкревко здравје. Затоа е многу важно да се намали дружењето што е можно повеќе во овој период – рече Пленковиќ.

Тој најави дека околу 9000 дози вакцини против ковод-19 ќе пристигнат во Хрватска за неколку дена.

– Оние на кои им е најпотребно ќе бидат вакцинирани. Тоа се сограѓани во домови за стари лица и изнемоштени лица, работници во системот на социјална заштита и работници во здравствениот систем – рече премиерот, додавајќи дека после тоа е редот на најстарите граѓани. Досега нарачавме 5,9 милиони дози вакцина, ќе ги покриеме потребите на целото население во Република Хрватска. Вакцинацијата ќе биде бесплатна и на доброволна основа. Успехот во борбата против епидемијата ќе зависи од бројот на лица кои се вакцинирани – нагласи тој.

Министерот за здравство Вили Берош повтори дека првите дози на вакцината пристигнуваат на 26 декември, а ќе пристигнат 9.750 дози на вакцината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Пред утрешниот состанок меѓу Меркел и премиерите на 16 федерални покраини за ограничувачки мерки, канцеларката рече дека основните училишта, градинки, фризери и малопродажба треба да имаат приоритет во олеснувањето на мерките.

АНГЕЛА МЕРКЕЛ: Заклучувањето на Германија ќе трае до крајот на февруари

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека заклучувањето во Германија...

Холандската национална телевизија објави дека владата ќе одржи прес-конференција подоцна во текот на денот, на која ќе објави продолжување на ноќниот полициски час.

ХОЛАНДИЈА ГО ПРОДОЛЖУВА НОЌНИОТ ПОЛИЦИСКИ ЧАС: Останува на сила до 2 март

Холандската влада ќе го продолжи ноќниот полициски час воведен поради ковид 19 до 2...

Тој исто така најави дека поради епидемиолошката состојба пописот планиран за април годинава ќе се одложи.

ХРВАТСКИ ДЕМОГРАФ ОБЈАСНИ: Имаме најголем број на смртни случаи од Втората светска војна

Професорот Иван Чипин од Катедрата за демографија на Економскиот факултет во Загреб...

Освен шверц на цигари и нафта, контроверзниот црногорски моќник Миодраг Дака Давидовиќ веќе подолго време работи и во областа на набавка и дистрибуција на големи количини на оружје и воена опрема за кои има оперативни податоци што треба да се пласираат на пазарите на земјите под меѓународно ембарго.

Дилер со оружје, инвеститор во Македонија: Дака нелегално ги снабдувал со оружје земјите под санкции

Контроверзен моќен човек на Црна Гора е под сомнение дека се справил со недозволен...