Свет
Балкан
Во Хрватска денеска започнува најавениот седмичен бојкот на малопродажниот синџир „Konzum“, врз основа на анкетата спроведена меѓу граѓаните од платформата „Halo inspektore“ објавена на нејзината фејсбук-станица на 5-ти февруари.
Со одлука на потрошувачите, првиот малопродажен синџир што ќе биде бојкотиран цела седмица – од саботата 8-ми февруари до петокот 14-ти февруари, е „Konzum“. Во анкетата се забележани 211.638 гласови од 144.732 гласачи од кои за бојкот на „Konzum“ се изјасниле 31,7 отсто од гласачите, следи малопродажниот синџир „Plodin“ со 29,1 отсто и „Studenac“ со 6,87 отсто.
Податоците од првите два бојкота покажуваат дека акциите на потрошувачите имаат реално влијание врз трговијата. Иако ефектот од вториот бојкот бил нешто помал, резултатите сè уште покажуваат значајно влијание: во споредба со 24 јануари, бројот на сметки се зголемил за 18%, а вкупниот износ на трансакции е поголем за 15%.

Покрај седмичниот бојкот, вчера 7-ми февруари беше трет последователен петок во кој граѓаните беа повикани да се воздржат од секаков вид плаќања.
Во текот на вчерашниот ден стапи на сила и одлуката на хрватската влада за директни мерки за контрола на цените на одредени производи и категории на производи во трговијата на мало, со која е утврден список од 70 производи со ограничени цени, а оваа мерка има цел да помогне во заштитата на граѓаните од високите цени во продавниците.
Претходниот список, кој беше формиран во септември 2023 година, содржеше 30 производи, а сега ги има 70. За новите 40 производи, трговците се обврзани да обезбедат најмалку еден вид артикал од иста категорија производи по највисока утврдена цена. Кога одреден производ е исцрпен, обврска на трговецот е да наведе друг по ограничена цена.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести




Останати вести од Економија
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.