Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат дека во последните 30 минути од референдумот имало изборен фалсификат, излегуваат на виделина.
На избирачкото место 0543 во Центар Жупа, од 18:30 до 19 часот на 30 септември, гласале 331 гласач или по еден на секои 5.4 секунди.
На избирачкото место 2453 во Долно Свиларе во општина Сарај, од 15 до 17 часот гласале 360 избирачи или по еден на секои 20 секунди.
На избирачкото место 1913 во Велешта во општина Струга, од 18:30 часот до 19 часот гласаче 199 избирачи или по еден на секои 9 секунди.
Сега, кога страстите после гласањето се смирени, би било добро Државната Изборна Комисија како организатор на референдумот да објасни како е можно да се гласа со ваква брзина. Затоа што вака прикажано технички се докажува дека во гласачките кутии се уфрлени над 50.000 гласачки ливчиња.
Ова прашање сепак заслужува одговор, него го побараа и политички партии и организации и на ред е Државната Изборна Комисија но и Јавното Обвинителство на Македонија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.