Свет
Инциденти
Претседателот на Чиле, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во главниот град Сантијаго после нередите.
Демонстрантите вчера подметнале оган во неколку метро станици, краделе по продавници и запалиле автобус од јавниот превоз, пренесува „Ројтерс“. Запалени се многу згради во центарот на градот и градското метро е блокирано.
Во знак на протест против растот на цените на јавниот превоз, затворени се 136 метро станици и прекинат е сообраќајот на должина од околу 150 километри.
Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако синоќа избувнаа немири, во кои една зграда беше запалена, а метрото беше блокирано.
Во своето обраќање Пинера рече дека прогласува вонредна состојба во две провинции и две општини во поширокиот регион на Сантијаго, заради сериозни напади на метрото, напади врз јавен и приватен имот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Инциденти
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.