Вчера обзнанивме скандалозен тендер, договорен во 4 очи, во период на вонредна состојба, објави предмалку на социјалните мрежи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев!
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во 11 часот најави прес-конференција во кој ќе соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ откриле скандалозен тендер, кој бил договорен во 4 очи во период на вонредната состојба!
Додека граѓаните умираат од корона вирусот и ги губат своите работни места, Владата на СДСМ го “цеди” буџетот на граѓаните.
Дали е точно дека зад овој скандал има и роднинска спрега, односно дали е точно дека Пиперевалиев освен тоа што е близок пријател е и роднински поврзан со генералниот секретар на Владата Драги Рашковски?
И дали е точно дека директорот на ЈП Дрисла, Коста Начевски, е братучед на сопругата на генералниот секретар Драги Рашковски?
Повеќе на прес-конференцијата во 11:00 часот.
Се гледаме, пишува Јанушев!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.