Свет
Вести
Во 180 градови во Иран, иранската влада одобри повторно отворање на вратите на џамиите а со тоа и одобрување на верските собирања. Ваквата одлука е донесена откако владата на Иран процени дека е намален ризикот од ширење на коронавирусот. Во Иран дневниот број на нови случаи постојано опаѓа.

Како што пренесоа Британските медиуми собирите на верниците во џамиите низ Техеран и неколку други поголеми градови , сè уште се забранети.
Пред неколку дена властите во Техеран го дозволија меѓуградскиот јавен транспорт и работењето на трговските центри. Ваквата одлука беше донесена за што побрзо заживување на иранската економија, но и од американските санкции, иако медицинските експерти предупредуваат за можен втор бран на инфекцијата.
Денеска Кијануза Џанханпур претставникот на иранското Министерство за здравство соопшти дека вкупниот број потврдени случаи на Ковид-19 е 104.691, и дека до сега од коронавирусот во Иран починаа вкупно 6.541 лица , и со тоа Иран стана држава која е на првото место по бројот на смртни случаи на Блискиот исток.
-Ситуацијата останува алармантна во југозападната провинција Кузстан и во главниот град Техеран, рече Џаханпур.180
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.