
Македонија
Вести
Денеска на 1624 вработени во Министерство за внатрешни работи од сопствени заштеди и домаќинско работење им беше исплатена бонус плата остварена во 2017 година.
Поединечениот износ што е исплатен изнесува 22.928 денари за вработен.
Обезбедивме средства и за исплата на бонус плата на вработени во министерството за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2020, како и средства за бонус плата за 2018 година, истакна министерот Спасовски!
Денеска министерот оствари работна средба со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, г-ѓа Гордана Кожуваровска, на којашто беа договорени деталите за примопредавање на опремата што РСБСП ја обезбеди за надлежните сообраќајни единици во МВР.
Со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, Републичкиот совет секоја година 30% од средствата ги наменува за модернизација на уредите и опремата на надлежната организациска единица во МВР која врши контрола и регулирање на сообраќајот на патиштата. Согласно тоа, РСБСП обезбеди 15 моторцикли со комплет опрема.
Безбедноста во сообраќајот е врвен заеднички приоритет и досегашната успешна соработка ќе биде интензивирана и во наредниот период.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.