Предлог законскo решение за ветинг во МВР

Објавил: Узунов Бобан | 1 јули, 2019 15:05

Вработените во МВР ќе се чешлаат “законски”

Фото/Текст извор: ©магазин

Долго најавуваниот ветинг нa полициските службеници во МВР, наскоро ќе се најде во Собранието, иако не се прецизира кога. Со законското решение кое е во фаза на изработка ќе бидат опфатени интегритетот, стручното образование, имотната состојба и евентуалните криминални активности на вработените. 

Според одредени експерти кои гои консултиравме спорно ќе биде одредбата дали вработени во МВР не смее да имаат приватни бизниси, бидејќи таквата одредба би била под лупа на Уставен суд.

„Ние веќе го започнавме процесот на ветинг во УБК, знаете дека се формираше новата Агенција за национална безбедност, веќе се формирани комисиите и имам информација од директорот дека тие веќе се започнати со работа. Значи, ветинг процесот веќе е започнат во УБК и сите можни аспекти за кои говорам јас“, рече Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи.

Ветингот во МВР ќе го спроведуваат комисии на ниво на сектор за внатрешни работи и на национално ниво. Дел од нивниот фокус ќе биде насочен и на оние полициски службеници кои фалсификувале дипломи за да го добијат работното место и оние за кои Спасовски вели дека се побогати од долгогодишни бизнисмени.

„Токму затоа ветинг процесот мора да ги утврди овие факти, бидејќи ако во моментот постои таква можност УЈП секако дека може за секое лице да отвори процесна контрола на имотната состојба и да се утврди дали и на кој начин се стекнал со тој имот, но, ние сме должни како МВР врз основа на тој ветинг процес сите тие прашања да ги утврдиме. Ако се утврдат како докази, да се предадат на соодветните институции“, додава Спасковски.

На такви индиции упатува и професорот по безбедност Никола Дујовски, сметајќи дека тој што одлучил да и служи на државата, не смее да има приватен бизнис. И тој и Спасовски сметаат дека ветингот не смее да запре единствено кај полицијата, туку и да се прошири на други инстуции.

„Нашата идеја е дека ќе биде неправедно доколку ова само започне и заврши во МВР. Бидејќи тоа не е ниту целта, ниту ќе го решиме проблемот. Сите служби кои имаат полициски овластувања и органите на прогонот, јавното обвинителство и судството треба да го прифатат и препознаат овој процес како неопходен за државата, бидејќи само на тој начин бидејќи само на тој начин може да ги осполниме критериумите кои од нас се очекуваат“, рече Никола Дујовски – професор по безбедност.

Во однос на препораките на ГРЕКО, кои најголем дел беа насочени кон ресорот со кој раководи Спасовски, тој вели дека веќе е формирана комисија која работи на забелешките за воспоставување етички кодекс за полицијата, спречување конфликт на интереси и професионални критеруми за избор и разрешување на првиот човек на Бирото за јавна безбедност и измени на Законот за полиција и МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести