понеделник, 22 јули 2019

MK/ EN/ DE



Како што објавува објавуи порталот Републлика

Објавил: Узунов Бобан | 26 јуни, 2019 8:58

Вработените во МЖ Транспорт под мобинг од шоферот на генералниот, татко на заканувачот на Героски ?!

Фото/Текст извор: ©магазин

Тони Гиноски е вработен со години во Железница како котлар. Со доаѓањето на СДСМ на власт пред две години тој е унапреден во шофер на генералниот директор, тогаш член на СДСМ, но Гиноски почнува да ја практикува владејачката рутина на својот партиски шеф Зоран Заев „живи луѓе ќе јадеме“ кога на чело на МЖ Транспорт е поставен кадар на Беса, пишува порталот Република.

Борче Гиноски, се закануваше на новинарот Бранко Героски дека „ќе го бањаат во Вардар“ не е само „партиски член од бројното партиско членство во базата“, како што тврдеше портпаролот на партијата Костадин Костадинов, туку син на првиот човек во МЖ Транспорт, Тони Гиноски,  член на партиското обезбедување на СДСМ.

Извори на Република велат дека Гиноски не се стега да се пофали дека добил аманет лично од шефот, сега кога нема нивни партиски човек на чело на Железници, тој да се грижи за претпријатието. А дека Гиноски ја сфатил работата сериозно, сведочат и вработени во МЖ Транспорт, кои се секојдневно изложени на тортурата и притисокот од „човекот на Заев“.

Упаѓа по канцеларии, нè проверува, именува и разрешува по сопствен клуч. Се заканува со ќотек или со Трубарево. Во нашата работа некој да ви рече дека ќе ве распореди во Трубарево, е како да ве испратил на Сибир. Директорите, пак, стојат простум пред него. Вклучувајќи го и генералниот, вели извор за Република.

Вработените се жалат дека со истиот жар настапува и неговиот син Борче, кој дошол во Железници како шофер „по препорака од тате“.

Самиот зборува дека откако се вработи кај нас, се запишал на приватен факултет. Го спремаат за директор. Не сфаќаат дека оваа работа е специфична и не може да директорува некој собран и донесен од улица. Па и 3 факултети да завршил, вели изворот.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Градежниот шут бил извлечен изминатиов викенд од членот на нуркачкит центар „Акватек“, Никола Паскали. Вреќата со плочки која уште мината година минатата година беше лоцирана на дното од езерото.

СРАМОТА: По кадата пронајдена и вреќа со плочки на дното на Охридско езеро

Дека сами си го уништуваме културното наследство, и нашите скапоцености говори и оваа...

До овој момент, немам информации дека Фрики и Кики, високи функционери во власта и во владејачката партија, одлучиле да преземат политичка одговорност за својата блискост со главниот актер на аферата за милионскиот рекет и да понудат соработка со јавниот обвинител. Ако го сториле тоа, нека ми простат за неинформираноста. Ако, пак, се оглушиле на мојот апел, ќе повторам – нивното одбивање да го сторат тоа објективно ја отежнува и ја забавува истрагата.

Героски со нови детали за “Рекет”: Белким не поверувавте дека онаа ботоксирана несреќа е главниот фраер во случајов

Иако беше најавено дека денеска во најновата колумна на новинарот и сопственик на...

Груби вели дека тоа е работа всушност на Советот на обвинител. Ова е забелешка на Артан Груби за предлогот на премиерот Зоран Заев обвинителката Вилма Рускоска да ја замени специјалната обвинителка Катица Јанева.

Груби: Не е работа на Собранието или Владата да одредуваат прв човек на новото обвинителство

Артан Груби, пратеникот на ДУИ истакна дека не е работа на Собранието или Владата...

- Денеска е 7-ми ден, ни помина цела недела како никој не знае каде е Катица Јанева. Спасовски се прави недоветен зошто би ја следел, а пред очи ни се случува најголемата криминално-политичка афера каде што Катица Јанева е директно вмрежена со првоосомничениот и второосомничениот. Имаме директни јавни признанија од обвинителката Вилма Русковска дека Катица Јанева контактирала со првоосомничениот Боки 13 за конкретниот рекет и се уште никој не знае каде е Катица Јанева, а не пак да биде приведена и сослушана, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес-конференција.

Заев е главата на октоподот: Русковска, ЗАев и Спасовски свесно и даваат простор на Јанева

Потпаролот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој изјави дека Заев,...


Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial