Наместо да се бираат стручни и квалитетни медицински кадри, чија важност особено се докажа за време на здравствената криза, се бираат луѓе по желба на самиот директор, односно подобни послушници на една власт. Зошто ваквите законски одредби постојат и каде е транспарентноста на постапката, принципот на професионалност и квалитет?

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 јуни, 2021 8:49

Вработување на медицински лица мора да биде согласно стручноста, а не според желбите на директорите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Секојдневно до Левица пристигнуваат поплаки од невработени медицински лица, кои се разочарани од начинот на кој се врши вработување во јавните здравствени установи.

Имено, за да се вработи еден здравствен работник согласно Законот за здравствена заштита, не е доволно само исполнување на општите и посебните услови, односно остварување најмногу бодови. По спроведена постапка и оценка од страна на Комисијата за селекција на кандидат, доколку има повеќе од тројца кандидати за едно работно место, директорот (односно работоводниот орган на здравствената установа) спроведува интервју со кандидатите и донесува одлука за избор на “најсоодветен” кандидат.

Тоа значи дека наместо Комисијата да избира најсоодветен кандидат, согласно освоените бодови од успех и стручен испит, се остава на директорот да одлучува кого ќе избере, а притоа, воопшто не е условен со резултатите од бодирањето. Па така, директорот користејќи го своето “дискреционо право”, по само за него познати критериуми, одлучува кој кандидат е најдобар избор за конкретното работно место.

Се поставува прашањето за која цел постои Комисијата?

Наместо да се бираат стручни и квалитетни медицински кадри, чија важност особено се докажа за време на здравствената криза, се бираат луѓе по желба на самиот директор, односно подобни послушници на една власт. Зошто ваквите законски одредби постојат и каде е транспарентноста на постапката, принципот на професионалност и квалитет?

Поради ваквите лоши политики на сите власти, медицински кадар кој со години е дефицитарен во Република Mакедонија продолжува и понатаму да мигрира поради подобри работни услови во западноевропските земји, но и поради можноста побрзо да дојде до работно место за кое ќе биде достоинствено платен.

Власта наместо да го цени нивниот придонес и да покаже искрена грижа за сите нив, истите ги користи само за дневен политички маркетинг и добивање на политички поени. Пандемијата ни покажа колку се значајни медицинските лица за една земја и власта мора да најде начин како истите да ги задржи и да им овозможи услови да останат тука.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
08 јуни, 2021

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Континуитетот на овие највисоки успеси на Македонскиот информативен центар за животна средина и Министерството се од особена важност во однос на одржувањето на техничката подготвеност на државата за членство во ЕЕА и усогласување со највисоките стандарди за мониторинг на животната средина во Европа.

Македонија заедно со Австрија и Шведска нотира успех од 100% во исполнување на барањата од ЕЕА

По трет пат, во 2021 година, Македонија нотира успех од 100% при известувањето со податоци...

Со укинувањето на членот е создаден правен вакуум, при што се донесе заклучок дека е потребен нов Закон со кој ќе се дефинира јавниот интерес, заклучија членовите на Владата.

200.000 картички за српските туристи со по 760 денари за патарина во два правци, колку што чини транзитот по Коридор 10 низ Македонија

Портпаролите на Владата на Република Македонија Душко Арсовски и Муамет Хоџа на вчерашната...

Премиерот Заев го запозна премиерот Левен со актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, како и мерките за справувањето со пандемијата и процесот на вакцинација.

Заев имаше телефонски разговор со премиерот на Шведска Левен: Ни значи вашата поддршка

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска имаше телефонски...

Таа е во емисијата 24 анализа рече дека сдака да ги раскринка оние обвинувања на Никола Мицевски дека таа и колегата Мирослав се шетале во Собранието.

КОСТАДИНОВСКА СТОЈЧЕВСКА ЗА ТВ 24: ЌЕ ВОЗВРАТАМ СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА КОН ВМРО-ДПМНЕ И ЛЕВИЦА

Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничка на СДСМ која позитивна на Ковид-19 во скафандер...