ЗК "Пелагонија" на Камчев, должи во четири банки, иако само во 2011 од државата зеле субвенции во износ од околу 66.000 евра за следната 2012 година да добијат над 500.000 евра

Објавил: Мартин Попоски | 16 декември, 2018 12:06

Вравотените во ЗК “Пелагонија” на протести, директорите никаде ги нема

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Над стотина вработени од АД „Пелагонија“ излегле на протест, прво во централната работилница во земјоделскиот комбинат, а потоа и пред зградата каде што се сместени генералните служби на компанија.

Вработените имаат барање да им се исплатат двете заостанати плати.

Работници од Комбинатот велат дека не им се исплатени платите за октомври и ноември. Од раководството на Комбинатот им било ветено дека ќе им биде префрлена плата и половина. Доколку тоа не се случи, работниците велат дека од утре ќе штрајкуваат.

Директорите во компанијата беа недостапни за потврда на информациите од вработените.

Пред еден месец сопственикот на Комбинатот Јордан (Орце) Камчев заедно со Цветан Панделески, член на бордот на директори, завршија во притвор за случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој 13 мина се осомничени за злосторничко здружување, измама, перење пари и злоупотреба на службената положба.

Неколку дена подоцна извршители му ја блокираа сметката на Комбинатот по барање на банките и други доверители. Компанијата има долг кон банките од 23 милиони евра

Според податоците од Македонска берза, АД „Пелагонија“ најголем кредит има земено од Стопанска банка Скопје во износ од 10 милиони евра, па од НЛБ 8.3 милиони евра, од Стопанска банка Битола 3.2 милиони евра, од Комерцијална банка 1.5 милиони евра и кредит од Орка Холдинг од 3,4 милиони евра.

Сепак, сметката беше одблокирана за комбинатот кој располага со околу 4.000 грла говеда и 17.530 хектари земја да може да работи и да ги враќа долговите. Во фирмата има петстотини вработени на кои сега им доцнат платите и доколку не се воспостави редовна исплата, ова може да стане голем социјален проблем во битолско.

Компанијата во 2011 година ја купи Орце Камчев. Според истражувањето на БИРН веќе следната година ЗК „Пелагонија“ добил дури половина милион евра субвенции за засеани површини со жито. Ако во 2011, субвенциите биле 66.656 евра, во 2012 година веќе станале 504.287 евра за жито исплатени од буџетот.

Според истото истражување, ЗК „Пелагонија“ во изминатите години земала субвенции од 1.2 до 1.5 милиони евра годишно за производство на млеко и засеани земјоделски површини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Се обврзуваме на високи и стабилни субвенции за земјоделците и модернизација на земјоделскиот сектор, крупни инвестиции во патната, енергетската и комуналната инфраструктура, реализација на голем број на проекти за младите во сите сегменти на
нивното живеење.

МИЦКОСКИ: Обновата ќе донесе проекти кои ќе го подобрат животниот стандард на сите граѓани

Во следните четири години ќе се заложиме за заштита на животниот стандард на пензионерите...

Тој во допис до медиумите вели дека објавените разговори се лаги од трети лица кои нема да ги попречат да даваат плати и да плаќаат даноци.

Вице Заев: Објавените разговори се лаги- Заеви се чесни и вредни Македонци

Откако денеска на Јутјуб каналот се појави нова аудио бомба за Заеви, се огласи и Вице...

Средствата со кои Градот Скопје ќе ги субвенционира занаетчиите за набавка на потребни алати и репроматеријали се во износ од 80% од нивната вредност, но не повеќе од 50.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход!

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА СКОПСКИТЕ ЗАНАЕТЧИИ

Градот Скопје со цел да го поттикне развојот на традиционалните занаети во изумирање...