Денес согласно задолжението добиено од Владата започна поставувањето на претходно остранетата ограда на Владата.
Таа беше репарирана изминатите денови, поради неадекватното чување и денес Службата за заеднички и општи работи ја поставува истата. Досега се користеше старата и дотраена железна ограда во сопственост на МВР која е нерепрезентативна и нефункционална.
Вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува на складиште ја добива својата функција.
Томовски: Се трга полициската, се поставува отстранетата ограда, вратите на владата отворени за граѓаните
Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски информира дека денес согласно задолжението добиено од Владата започна поставувањето на претходно отстранетата ограда на Владата.
-Таа беше репарирана изминатите денови, поради неадекватното чување и денес Службата за заеднички и општи работи ја поставува истата. Досега се користеше старата и дотраена железна ограда во сопственост на МВР која е нерепрезентативна и нефункционална, вели Томовски.
Тој посочува дека вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува на складиште ја добива својата функција.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.