Вакцините од Кина беше најавено дека ќе пристигнат во февруари. Станува збор за 200.000 вакцини за кои Министерството за здравство потпиша договор за набавка и со кои практично требаше да започне масовната имунизација на населението.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 февруари, 2021 17:22

ВРАТЕН АВАНСОТ ЗА КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кина го повлекла авансот што Македонија го уплатила за вакцините против КОВИД. Од Министерството за здравство за ТВ24 тврдат дека тоа не значи дека пристигнувањето на вакцините е откажано, туку кинеското Министерство за надворешни работи побарало усогласување на документацијата, а вакцините велат – ќе пристигнат во најкус можен рок. 

„Авансната уплата која Министерството за здравство ја изврши за набавка на вакцината Синофарм, по барање на кинеското Министерство за надворешни работи беше повлечена заради усогласување на документација, на нашето Министерство за надворешни работи и Министерството на Народна Република Кина. Разговорите се во завршна фаза, не станува збор за откажување на договорот, вакцините против Ковид 19 од производителот Синофарм во најкус можен рок ќе стигнат во нашата земја“ – велат од МЗ. 

Портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера изјави дека имаат информации дека кинеската компанија „Синофарм“ и го вратила авансот на Македонија и изразија сомнеж дека вакцините воопшто ќе пристигнат.

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски пак денеска по средбата со стопанственици во Битола изјави дека процесот на вакцинација во Македонија е сличен со процесот на добивање на датум за преговори со Европската Унија и укажа дека последиците од доцнење на вакцината се многу сериозни. 

Првата е здравствена и многу луѓе платија највисока цена со живот или со тешки здравствени последици. Втората е стопанството, денешниот разговор во Битола со стопанствениците ни покажа дека отсуството на имунизација во Македонија им создава дополнителни потешкотии на битолските стопанственици. Тие не можат поради непримена вакцина да остават најобични потребни деловни контакти со нивните деловни партнери во Грција и Бугарија“ – рече Милошоски.

Вакцините од Кина беше најавено дека ќе пристигнат во февруари. Станува збор за 200.000 вакцини за кои Министерството за здравство потпиша договор за набавка и со кои практично требаше да започне масовната имунизација на населението.

За во февруари беа најавени и околу 5.000 вакцини од компанијата „Фајзер“ за што Владата и Министерството тврдеа дека се обезебени уште во јануари, но и тие нема да пристигнат овој месец, поради тоа што договорот не е финализиран. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Освен Фетаи во Вишото обвинителство во иднина ќе работат и обвинителите Бурим Рустеми, Наум Пановски, Сашо Трајчев и Снежана Георгиевска.

Советот за јавни обвинители ја понижи Ристоска: „Разочарана сум“, што не бев избрана за виш јавен обвинител

Во изјава за „360 степени“, обвинителката Ленче Ристоска не го криеше своето разочарување...

Обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, кои беа дел од поранешното СЈО, како и Наташа Поп Трајкова од Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Струмица и Катерина Колариќ од ОЈО Скопје ќе го засилат Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска.

Стефанова, Ајро, Пеливанов, Поп Трајкова и Колариќ се нови обвинители во тимот на Русковска

Тројца обвинители од поранешното СЈО и по една обвинителка од Скопје и Струмица ќе...

Претставниците на земјоделците го информираа претседателот Мицкоски дека обештетувањата уште не им се исплатени, иако поминал подолг период.

Мицкоски на средба со земјоделците од Арачиново и Гази Баба: Власта со години не им ги исплаќа средствата за обештетување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со претседателот на Комисијата...

Битиќи изрази задоволство со тоа што со овој инвестициски проект дополнително ќе се влијае на зголемување на извозот во нашата земја, а поради тоа што воведување на нова производна линија во погонот во Кавадарци и отворањето на новиот производствен погон во Куманово, ќе отворат нови можности за граѓаните од овие општини, но и ќе влијаат на локалниот економски развој.

Нова инвестиција во Кавадарци и Куманово во вредност од 16 милиони евра и околу 1000 нови работни места

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација...