ВРЕДИ преку отворен повик бара раководството на ДУИ и формално да го исклучи бегалецот Артан Груби од партиските редови .
ВРЕДИ преку отворен повик бара раководството на ДУИ и формално да го исклучи бегалецот Артан Груби од партиските редови за како што велат да се зачува репутацијата на Албанците и нивното стратешко пртнерство со САД. Според нив, дистанцирањето на раководството на ДУИ од Груби не е доволно
-Ги повикуваме да преземат конкретни чекори, кои ќе покажат дека нивните ветувања и заложби се реални и дека нема да дозволат какви било сомнежи околу криминална или нечесна активност да ја нарушат репутацијата и иднината на Албанците во Македонија. Исклучувањето на Груби од партијата е неопходен потег за да се испрати јасна порака дека партијата и нејзините лидери се искрени во заложбите за почитување на законите и силно партнерство со САД. Се друго е јасен доказ дека тие го прикриваат и штитат нивниот другар Артан, велат од Вреди.
Иако од ДУИ претходно се оградија од нивниот довчерашен сопратиец Груби, не добивме одговор дали тој во меѓувреме можеби и формално е исклучен од партијата. Ниту пак став за обвинуавњата од Вреди дека случајот со Груби ја нарушува репутацијата на Албанците во земајва.
Вчера и официјално Груби доби отказ од Тетовскиот факултет каде што предаваше на отсекот по новинарство.. Во мегувреме, во врска со Груби од ВМРО-ДПМНЕ и натаму ја прозиваат СДСМ.
„СДС знаеле од прв ден што прави Груби. Не може за влада која ја воделе заедно и која заради ДУИ опстојуваше СДС да не знае што се случувало. СДС доколку сериозно размислува како партија која сака да биде чинител во општеството, треба да се извини зошто го толерирале Груби и што не повеле постапка пред органите во нивно време. А веднаш потоа да ги повикаат на одговорност и сите нивни функционери кои тоа го овозможиле“,- – Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.