Коалицијата

Објавил: Калина Мартинска | 24 јули, 2024 11:36

ВРЕДИ бара правда без политички влијанија за внуците на Али Ахмети во случајот со концесии

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Владејачката партија ВЛЕН (ВРЕДИ) апелираше до правосудните органи да постапуваат без политички влијанија и да обезбедат правда според доказите во случајот за кривичните пријави против внуците на Али Ахмети, поврзани со концесиите за минерални суровини.

Изнесувањето на ставот следува по обвинувањата дека тие биле вклучени во корупција преку семејни и политички врски.

„Законите мора да се применуваат еднакво за сите, без разлика на етничка, верска или политичка припадност. Враќањето на довербата во правосудниот систем е круцијално и не смее да биде предмет на дневна политика или манипулации“, изјавија од ВЛЕН.

Тие додаваат дека поврзувањето на ДУИ со корупција нанесува штета на целата албанска заедница и поттикнува потреба за итни реформи во партијата, за да може истата да функционира како конструктивна опозиција во полза на сите граѓани.

„Не сме среќни што нашата заедница се поврзува со политичко-фамилијарна корупција преку ДУИ. Време е за транспарентност и одговорност. Оваа ситуација не смее да послужи како штит за нивните дела. Нашата обврска е да гарантираме дека таквите дела се процесуирани праведно и во рамки на законот“, заклучуваат од ВЛЕН.

МВР им поднесе кривична пријава на внуците на Али Ахмети, Дрин Ахмети и Бесијан Ахмети

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести