
Македонија
Вести
„Вреди“ ја поздрави одлуката на Управен да дозволи прегласување во Желино: Правдата победи, волјата на граѓаните ќе надвладее
Од коалицијата „Вреди“ ја поздравија одлуката на Управниот суд, за која велат дека е во согласност со волјата што ја изразија граѓаните на 8 мај.
Оваа одлука уште еднаш докажува дека надежта за граѓаните во државата доаѓа, а манипулациите и криминалот на оваа хибридна моќ паѓаат. Промената почната на 8 мај почна да се реализира, но за да биде уште побрза и поефикасна, ги повикуваме граѓаните на Ларце (им 2101) во среда (22 мај) да излезат и да ја изразат својата волја, слободно, без да потклекнат на притисоците на ДУИ и нејзините манипулатори.Промена е неповратна. ВРЕДИ за Желино и за секој граѓанин во нашата земја, се вели во реакцијата на „Вреди“.
Попладнево состанок на претседателството на ДУИ
Демократската унија за интеграција (ДУИ) соопшти дека попладнево партиското претседателство ќе одржи состанок.
Пред самиот состанок, откако пристигна во Мала Речица, лидерот на интегративците Али Ахмети даде изјава за медиумите, говореше само на албански јазик, не и на македонски. Според она што го пренесуваа медиумите на албански јазик, главна тема на разговор ќе бидат одлуките на Управниот суд за жалбите кои ги поднесе Европскиот фронт.
Одлука на Управниот суд – неосновани сите тужби на Европскиот фронт
Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ против решенијата на ДИК за прегласување на парламентарните избори во седум избирачки места. Според пресметките на партиите, со прегласувањето најмногу може да загуби ДУИ, два пратеника – по еден во петката и шестката..
Во Изборната единица 6 ДИК прифати еден приговор за избирачко место во Желино. Таму најмногу гласови освои коалицијата Влен, вкупно 332, додека коалицијата преводена од ДУИ освоила 134 гласа, а СДСМ само 4.
Во шестка, Европскиот фронт освои 9 мандати наспротив 7 на Вреди, но доколку разликата на ова избирачко место се зголеми за дополнителни 80 гласа, тогаш резултатот ќе биде 8-8.
Во петката, поништено е гласањето во 6 избирачки места. Таму ВМРО ДПМНЕ доби 10 пратеници, Европски фронт 4 и СДСМ тројца, но по прегласувањето може да се случи СДСМ да освои еден повеќе, а има и опција коалицијата на ВМРО ДПМНЕ да добие еден или двајца пратеници во зависност од пресметката со Донтовиот модел кој може да биде пресуден а со оглед на ниската разлика во изборниот количник.
Кондарко по одлуките на Управен: И покрај дневната политика и сите непријатности кои се уште ги имаме, ДИК го задржа интегритетот
Прегласувањето на седумте избирачки места во петтата и шестата изборна единица ќе се одржи на 22 мај соопшти Државната изборна комисија по одлуките на Управниот суд. На денешната седница ДИК едногласно го донесе заклучокот за објавување на конечните резултати и распределба на пратеничките мандати по изборни едници, а ги потврди и претходно донесените решенија за прегласување во избирачките места 1194 и 1202 во Крушево, 1470 и 1470/1 во Долнени, 1844 во Струга, 1272 во Охрид и и 2101 во Желино.
Симулацијата за пратеници како што кажа претседателот на ДИК Александар Даштевски се однесува само за оние кои сигурно влегуваат во Собранието.
„Со одлуките на Судот со кои целосно се потврдија решенијата на ДИК за поништување на гласањето се докажа дека независно од изборните резултати, ДИК постапувала законито и врз основа на увид врз целокупниот изборен материјал што можеше да се види пред целата јавност. И покрај сите непријатности кои се уште ги имаме, ДИК докажа дека независно од изборните резултати на кои не може да влијае и не зависат од ДИК, сепак целосно ги почитуваме и правилно ги применуваме законските процедури и дејствија во изборниот процес. ДИК го задржа интегритетот и придонесе со свој пример за почитување на правото и правната сигурност што е посебно значајно и е основа на демократијата како и слика за угледот на нашата држава“, кажа Кондарко.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.