Од ВРЕДИ (VLEN) со реакција по повод вчерашната поддршка на ДУИ за Законот за реорганизација на министерствата.
„Добро е што дел од ДУИ на прашањето за реорганизација на министерствата покажа дека може да биде и конструктивна опозиција. После бојкотот на гласањето за Африм Гаши заедно со Левица, ова е мал исчекор кон прифаќање на реалноста.
Закон за правична застапеност на етничките заедници во органите на државна управа е дел од коалицискиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, кој ќе содржи механизми кои ќе го заменат балансерот во разумен рок. Формирањето на ад хок собраниска комисија предводена од опозициски пратеник е добар чекор во зајакнување на контролата на законодавната врз извршната власт.
ВРЕДИ изразува задоволство што нашите апели кај некои пратеници на ДУИ вродија со плод.
Ниту една лична кариера не е поважна од сигурната иднина на Албанците во ЕУ. Новата организација на Владата ќе овозможи поголем степен на ефикасност во реализација на заедничките програмски цели, што е во интерес на сите граѓани на “, стои во соопштението на ВРЕДИ.
Прочитај и кој пратеници гласаа „ЗА“ законските измени а кои против:
Како течеше расправата за реорганизација на извршната власт – предлогот на мандатарот прифатен
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.