
Македонија
Политика
Чекајќи ја одлуката од Управниот суд, партиите на Албанците меѓусебно се обвинуваат за нерегуларности при сумирањето на изборните резултати. Тоа станало видливо од разгледувањето приговори во ДИК а треба да заврши со кривични пријави.
Коалицијата Вреди укажува дека отворањето на неколку гласачки кутии покажало неправилности, кражба на гласови, бугарски воз и броење на неважечки ливчиња како гласови за Европскиот фронт.
-Тие се во паника. Не само што ќе си заминат во опозиција, туку и ќе одговараат за злоупотребите и кршењето на законите, но и затоа што вчера, со отварање на кутиите, се докажа дека преку злоупотреба на механизмите на власт, закани, уцени, притисоци и бугарскиот воз, се обиделе да ја нарушат волјата на народот и изборниот резултат, вели портпаролот на коалицијата „Вреди“, Фатмир Сабриу.
Европскиот фронт ја обвини „Вреди“ дека, заедно со партиите на Македонците, сака да ги отстрани од позицијата „втора политичка сила“. Имаат сознание дека во петокот е извршен политички притисок од партиите кон нивните претставници во ДИК.
-Апелираме до институциите да постапат според законот, без да прифатат притисоци од партиите. Ја повикуваме меѓународната заедница будно да следи бидејќи повторно се инсталира заробената држава, надгласувањето и етничката мајоризација. Медиумите, граѓаните, политичките партии, меѓународната заедница, Брисел и Вашингтон – сите заедно мора да се соочиме со враќањето на антидемократскиот систем кој произведува меѓународни, соседски, етнички, политички и социјални кризи, рече Елми Азири од коалицијата„Европски фронт“.
Европскиот фронт доби 19 мандати, а Вреди 13. Доколку дојде до прегласување во петтата и шестата изборна единица, поради разликата од стотина гласови, можно е ДУИ да изгуби еден или два пратеника, а коалицијата на СДСМ да добие, со што би имала мандат повеќе од ДУИ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.