
Забава
Интересно
Круните и накитот во сопственост на британското кралско семејство со децении ги украсуваат главите на многу нејзини членови. Кралицата Елизабета, Кејт Мидлтон и принцезата Дајана носеа фасцинантни скапи додатоци, а приказните зад нив ќе ве изненадат, како и нивната цена.
Мајката на кралицата, кралицата Мери, доби круна како подарок за венчавката од одборот девојки „Девојки на Велика Британија и Ирска“.
Круната го доби името по одборот, а кралицата Мери и ’ја подари на својата ќерка, денешната британска кралица, исто така, како подарок за венчавката. Со текот на годините, круната стана заштитен знак на кралицата Елизабета.

Круната има 1333 дијаманти, а во времето кога е направена, чинеше околу 10 000 долари. Денешната вредност се проценува во милиони.
Круната, која првично беше направена за кралицата Марија во 1900 година, стигна во рацете на кралицата, а потоа круната и се подари на принцезата Дајана како подарок за венчавката.
Сопругата на нејзиниот син, Кејт Мидлтон, е видена неколку пати со таа круна на главата. Принцезата Дајана, од друга страна, најчесто носеше круна која потекнува од нејзиното семејство.
Таа ја носеше на денот на свадбата со принцот Чарлс.
Вредноста на сите круни во сопственост на британското кралско семејство денес се проценува на десетици милиони долари.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.