Најново метео

Објавил: Сара Фемина | 24 ноември, 2021 8:01

Временската прогноза најавува дожд и ветер

Фото/Текст извор: ©магазин

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец.

Во југоисточните предели ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 11 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 9 степени.

Потоа утре ќе се задржи променливо облачно и релативно суво време, додека од петок па за време на викендот, под влијание на влажен воздушен бран ќе има повремени врнежи од дожд, кој особено во западните предели ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На повисоките планини ќе има врнежи од снег, а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 13 степени, додека за време на викендот и тоа поради јужното воздушно струење, истите ќе бидат нешто повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени.

СЛЕДУВААТ ЧЕСТИ ВРНЕЖИ – ОСОБЕНО ВО ЗАПАДНИТЕ ПРЕДЕЛИ, ПОГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ ВО ПОЧЕТОКОТ ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА!

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Поинтензивни...

Поинтензивни врнежи ќе има особено во западните предели, додека на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

НАЈНОВИ НАЈАВИ: ДАЛИ ДОАЃААТ ПРВИТЕ ЗНАЧИТЕЛНИ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА?!

Како што веќе кажавме, утре ќе имаме променливо облачно и релативно суво време, додека...