Временска најава!

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 февруари, 2021 8:19

ВРЕМЕНСКА НАЈАВА: ОД НЕДЕЛА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗА 6 ДО 7 СТЕПЕНИ И СЕВЕРЕН ВЕТЕР

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала локална облачност.

До сабота температурите на воздухот ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени.

Во сабота ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека од недела температурите ќе бележат тенденција на опаѓање за 6 до 7 степени и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала облачност. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 20 степени.

Од недела истите ќе бележат тенденција на пад и максималната дневна температура ќе се искачува до околу 13 степени кога ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Во попладневните часови локално ќе има нешто повеќе облачност кога ќе има услови за локален краткотраен слаб дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

ОД УТРЕ НАВЕЧЕР НОВ ВЛАЖЕН БРАН ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА – ДЕТАЛИ

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе...