Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 26 до 33 степени.

Објавил: Стојче Бушин | 16 јули, 2020 8:12

Временска прогноза: За викендот на повеќе места нестабилно со пороен дожд

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 26 до 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Потоа во петок попладне и навечер, како и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време