
Македонија
Вести
Почетокот на јуни не го навести стартот на летото. Речиси цела измината недела ја поминавме во дожд но од среда може конечно да кажеме дека летото е на прагот.
Денес времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно, особено попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13 степени, а дневната температура од 16 до 26 степени.
Во Скопје се очекува да биде променливо облачно и нестабилно, особено попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската темепратура ќе достигне до 12 степени, а дневната темепратура до 24 степени.
До среда ќе се задржи променливо и нестабилно време, попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе има значителен пораст на температурата, па слободно може да се упатите некаде на викенд.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.