Македонија
Време
Денес времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло преку ден со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец!
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени, вели временската прогноза на Слачо Попоски за Утрински брифинг.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен и од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.
Потоа за време на викендот, како и во почетокот од следната недела времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност.
Утре сѐ уште ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -2 степени.
Максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени во најтоплите предели од државава.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Време
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.