Ќе дува умерен ветер од северен правец кој особено Долж Повардарието ќе засилува!

Објавил: Стојче Бушин | 22 мај, 2020 8:35

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и пријатно топло со мала до умерена локална облачност!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во текот на денешниот ден, како и утре под влијание на стабилна и сува воздушна маса, времето ќе биде сончево и пријатно топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува умерен ветер од северен правец кој особено Долж Повардарието ќе засилува.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени денес, и од 19 до 26 во текот на утрешниот ден.

Во Скопје и околината ќе имаме сончево и пријатно топло време со мала локална облачност, ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се искачи до околу 22 степени денес, и до околу 23 степени во текот на утрешниот ден.

Потоа во недела, како и на почетокот од следната седмица во попладневните часови ќе има услови за локален дожд и услови за локална појава на грмежи.

Температурите нема многу да се менуваат, односно истите ќе бидат малку под просекот за овој дел од годината и на почетокот од следната седмица ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Токму ова е поради значително постудениот воздух кој од северните предели на Европа се спушта кон нашата држава, врнежи од снег на планините освен кај нас има и во регионот, односно во соседна Србија и Босна!

СЕ ВРАТИ СНЕГОТ ВО МАКЕДОНИЈА: Заврна снег на Пелистер(ФОТО)

Вистинска зима на крајот на мај. Вчера снежна покривка го обеле Пелистер, објави метео-...