Минималната температура ќе биде во интервал од 4 и 13, а максималната од 22 до 28 степени.

Објавил: Сара Фемина | 19 октомври, 2019 9:14

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Mаксимална температура до 26, попладне е можен дожд!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Времето во Република Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 и 13, а максималната од 22 до 28 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со температура од 10 до 27 степени.

Во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи, особено во јужните делови на земјава.

Ќе продолжи периодот на топло време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Во недела на места ќе има зголемена облачност и услови за слаб локален дожд.

По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Температурите утринава се над нулата. Најниската е измерена во Маврово 3 степени, а најтопло во Дојран 13 степени.

Временска прогноза за наредните денови: Во недела нова промена на времето

Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во државата. Слаби...