Временска прогноза за денес и викендот што следи

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 август, 2018 7:51

Времето во Македонија сончево и топло

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Времето во Македонија денес ќе биде сончево и топло. Попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец а УВ индексот ќе има вредност 8.

Утринската температура се движи од 12 до 21 Целиусов степен а максималната дневна температура ќе се движи од 27 степени во западните регион и до 36 степени на југот од земјата.

Во Скопје ќе биде сончево и топло. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Утринската температура е до 19 степени а дневната температура ќе достигне до 35 степени.

Во петок преку денот ќе има изолирана појава на нестабилност претежно во планинските подрачја. Во петок кон крајот на денот и во сабота ќе има поизразена нестабилност на места со пообилен пороен дожд засилен ветер и услови за појава на град.

Во недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени!

ПРОДОЛЖУВА ТОПЛОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ – ОД СРЕДА ПОПЛАДНЕ УСЛОВИ ЗА ЛОКАЛНА НЕСТАБИЛНОСТ

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе...

Повремено ќе има нешто повеќе облачност а особено во сабота ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

СТАБИЛНО И ТОПЛО ВРЕМЕ – ЗА ВИКЕНДОТ СЕВЕРЕН ВЕТЕР И МАЛ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ

Денес, како и во следните денови продолжува периодот на претежно стабилно, суво и сончево...