Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 декември, 2019 9:50

Времето во Македонија: Сончево со мала до умерена облачност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Времето денеска во земјата ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Максималната температура ќе биде од 10 до 16 степени, јави УХМР.

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. 
Во главниот град Скопје, денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со магла претпладне.

Максималната температура ќе достигне до 11 степени. Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност, ќе биде и во понеделник.

Претпладне по котлините ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 4-от степен, а масималната ќе достигне 12 степени.
И во вторник се очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.

По одделни котлини ќе биде магливо и постудено. Утринската температура ќе се движи во интервал од -3 до 6, а дневната помеѓу 8 – 17 степени Целзиуови, информира УХМР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Во Скопје и околината, исто така попладне и навечер ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Времето денеска: Нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност....