Ќе дува умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

Објавил: Стојче Бушин | 2 јуни, 2020 8:13

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Нестабилно со услови за дожд и грмежи!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во текот на денешното претпладне ќе има повеќе сончеви периоди. Попладне ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а ќе има услови и за локална појава на грмежи.

Ќе дува умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

Во Скопје и околината во текот на претпладнево ќе има повеќе сончеви периоди, попладне ќе биде порменливо облачно а ќе има услови и за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 21 степен.
 
Потоа утре и во четврток атмосферата ќе биде постабилна, иако има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Што се однесува до температурите на воздухот, истите поради продор на потопла воздушна маса од југ ќе бидат во пораст, особено од четврток. Утре максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени, додека во четврток од 21 до 28 степени.

Според моменталните и најнови анализи со кој располагаме, во петок, особено во попладневните и во вечерните часови нашата територија ќе биде зафатена од влажен воздушен бран од запад кој ќе услови врнежи од дожд во поголем дел од државава.

Исто така ќе има услови и за локална појава на грмежи а ќе дува и умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Освежување на времето ќе има утре доцна попладне и навечер кога ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

РЕКОРДНИ ТЕМПЕРАТУРИ: За викендот температурата и до 36 степени!

За време на овој викенд времето во државава ќе биде сончево и топло со умерена локална...

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 31 степен!

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност...

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Времето денеска: Сончево и топло со мала локална облачност

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе...

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во крајните југоисточни предели истата има услови да достигне до околу 35 степени.

Времето во Македонија: Сончево со мала локална облачност

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб...