Времето утре ќе биде променливо облачно.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 ноември, 2019 9:46

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Променливо облачно со магла и локален дожд во јужните делови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини.

По одделни котлини во земјава ќе има појава на магла и ниска облачност, а во јужните подрачја ќе има повремен локален дожд, кој во текот на ноќта ќе се прошири и во западните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 12 степени, а дневната од 9 до 15 степени. Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со утринска температура до 7 степени, а дневна температура до 13 степени.

За регионот во кој што влегува и Македонија, според прогнозите се очекува декември да има просечна температура со околу степен и половина над просекот.
Постои и можност на повремено спуштање не екстремно студени воздушни маси од Арктикот кој би ги спуштиле температурите на воздухот и под 20 степени, но ова е сосема нормална појава за нашиот дел од Европа во текот на зимскиот период. Исто така со спуштањето на студените воздушни маси од Арктикот и северот и од североисток од Европа и судирајќи се со топлите морски воздушни струење над нашите краишта, може да се формираат циклонски системи кои условуваат врнежи од снег и вистинска снежна бајка, но ова ќе се случува во првите месеци од следната година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Попладне и во вечерните часови ќе има врнежи кој на пониските места ќе бидат најпрвин од дожд и полека ќе преминуваат во снег, додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег.

ПОЛАРНИОТ БРАН ДОАЃА ВЕЧЕРВА: СНЕГ ЗА СТАРА НОВА ГОДИНА

Денес времето во државава ќе биде променливо облачно со умерен, Долж Повардарието...