До крајот на оваа недела во Македонија ќе преовладува променливо облачно време.

Објавил: Перо Милчин | 15 ноември, 2019 3:10

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Променливо облачно со врнежи од дожд

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд.

До крајот на оваа недела во Македонија ќе преовладува променливо облачно време.
По котлините ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела кон крајот на денот се очекуваат нови врнежи од дожд.

Дневната температура ќе се движи во интервал од 15 до 20 степени.
Во Скопје слично време со температура до 18 степени.
Температурите ноќва се над нулата. Најниската е измерена во Маврово 3 степени, а најтопло во Дојран 13 степени.

На повисоките планини веќе падна првиот снег, но метеоролозите од светски познатата страница „Акуведер“ информираат дека во периодот до крајот на ноември на поголемиот дел од територијата на наѓата земја ќе биде невообичаено топло за овој период од годината. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Утре не очекува променливо облачно време, по одделни котлини со утринска магла. Попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег

Викенд временска прогноза: Еве кога доаѓа снегот!

Времето денеска ќе биде претежно облано со појава на магла. Во западните делови...