Следните неколку утра ќе бидат релативно студени кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 10 степени.

Објавил: Стојче Бушин | 30 септември, 2020 7:53

Времето денеска: Сончево и посвежо со умерена облачност

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Времето денес во државава ќе биде сончево и посвежо со умерена облачност. Во планинските предели не се исклучува можноста за сосема слаб, локален и краткотраен дожд.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер и тоа најизразен Долж Повардарието каде ќе биде од северозападен правец, во останатите предели ветерот ќе биде претежно од западен правец. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот од 16 до 23 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 21 степен.
Следува период на претежно стабилно и суво време, исклучок ќе биде утрешниот ден каде локално ќе има повеќе облачност, ќе има услови и за слаб локален дожд.

Следните неколку утра ќе бидат релативно студени кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 10 степени.

Максималните дневни температури на воздухот пак ќе бележат тенденција на позначителен пораст, особено за време на викендот кога ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени во најтоплите предели од државава.

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОБЛАЧНОСТА И УСЛОВИ ЗА ВРНЕЖИ ВО НЕДЕЛА – ДЕТАЛИ

До крајот на денов во државава времето ќе се задржи сончево и релативно топло со мала...

Максималните дневни температури на воздухот во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени, додека зголемување на облачноста ќе има за време на викендот.

НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ: СЛЕДУВА ПОГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО ПРЕКУ ДЕН

Нашата територија се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), и...