Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Објавил: Стојче Бушин | 16 септември, 2020 9:23

Времето денеска: Топло со мала до умерена локална облачност

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и од југоисточен правец. Македималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
 
Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 30 степени.
Потоа повеќе облачност ќе има утре и во петок кога ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено утре попладне и во петок. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.
Во петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец и истиот за време на викендот ќе услови пад на температурите на воздухот.
Максималните дневни температури за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, додека минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 15 степени.
 
Во Беровскиот регион минималната температура на воздухот се очекува да се спушти до околу 4 степени.
 
Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 21 степен.
Потоа до вторник нашата територија ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни бранови кој повремено ќе условуваат врнежи од дожд.

ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ ВО МАКЕДОНИЈА: Детална временска прогноза!

Под влијание на моќна циклонска активност, денес времето во нашата држава ќе биде претежно...

Од утре па натаму ќе бидеме под влијание на моќен циклонски систем кој ќе условува чести врнежи од дожд кој на многу места ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, проследени со грмежи и засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Од утре Македонија под влијание на моќен циклонски систем кој ќе условува чести врнежи од дожд!

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност,...

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од порменлив правец, истиот повремено ќе засилува.

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ: Доаѓаат врнежливи денови со засилен ветер и грмежи!

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено...