Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени!

Објавил: Стојче Бушин | 4 јуни, 2020 8:26

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Услови за краткотраен дожд и ретки грмежи

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во текот на денешниот ден, под влијание на потопла воздушна маса од југ времето во државава ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност.

Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, ќе започне да дува умерен, на некои места повремено до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд.
Ќе започне да дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец, истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 25 степени.

Во петок ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од јужен правец, доцна попладне и во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон сабота под влијание на влажен воздушен бран ќе има локални врнежи од дожд. Повремен локален дожд ќе има и во сабота кога ќе има услови и за локална појава на грмежи.

Потоа во недела атмосферата ќе биде постабилна, иако попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Локално, процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Нестабилно со почеста појава на врнежи и грмежи – можно НЕВРЕМЕ

За време на овој викенд, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на нестабилна воздушна...

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

Времето денеска: Нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и понатаму многу топло со мала локална...

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер

Денес времето во државава ќе биде сончево и понатаму многу топло со мала локална облачност....

Мал пад на температурите на воздухот се очекува за време на викендот, тогаш на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер а ќе има услови и за локално НЕВРЕМЕ.

Пеколни температури- за викендот пад на температурите!

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...