Оваа голема трагедијата ја зави Македонија во црно, а болката која ја чувствува неговото семејство и денес не стивнува. Имено Борис зад себе остави две дечиња, Сара и Стефан, и неговата сопруга Вилма Трајковска.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 февруари, 2020 17:54

ВРЕМЕТО НЕ ЈА НАМАЛУВА БОЛКАТА: Семејството на Борис Трајковски скршено од тага, еве како изгледаат денес (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска навршуваат 16 години од смртта на некогашниот претседател Борис Трајковски. Тој животот гозагуби во 2004 година трагична авионска несреќа кај Мостар, БиХ.

Сара Трајковска беше слабост нанејзиниот татко. Таа денеска живее и работи во Њујорк…

Оваа голема трагедијата ја зави Македонија во црно, а болката која ја чувствува неговото семејство и денес не стивнува. Имено Борис зад себе остави две дечиња, Сара и Стефан, и неговата сопруга Вилма Трајковска.

Ќерката на Борис Трајковски денеска живее во Њујорк. Неговата сопруга Вилма Трајковска која е родена во Колешино, Струмичко и денес го негува ликот и делото на нејзиниот покоен сопруг. Трајковска е основач на Меѓународната фондација „Борис Трајковски“. 

Средното образование го завршила во СУГС „Георги Димитров“ во Скопје. Таа е поранешна Прва дама на Република Македонија во периодот од 1999-та до 2004-та.

Со цел да ја афирмира жената и нејзината улога за сестран развој на општеството, Трајковска активно учествува на бројни форуми и конференции во Република Македонија и во странство. Била и покровител на Меѓународната конференција „Жените во 21-от век“ одржана во 2002 година во Охрид. Трајковска е основач на Меѓународната фондација „Борис Трајковски“. Мајка е на две деца.

Работела во Дирекцијата за издавачки работи во НБРМ, каде ја вршела функцијата директор сè додека Дирекцијата не била укината. Таа е и основач на ВИТРА, непрофитна и невладина фондација формирана во Република Македонија во 2001 год. Со цел да ја афирмира жената и нејзината улога за сестран развој на општеството, Трајковска активно учествува на бројни форуми и конференции во Република Македонија и во странство. Била и покровител на Меѓународната конференција „Жените во 21-от век“ одржана во 2002 година во Охрид. 

Во 2005 година, Вилма Трајковска за весникот Нова Македонија го даде своето прво интервју понесреќата на Борис. Таа тогаш откри неколку детали, меѓу кои и тоа дека покојниот ретседател ноќта пред неговата смрт ја читал Библијата.

Претседателот Трајковски ја читал Библијата и ноќта пред да замине за Мостар.

– Три дена по авионската несреќа Сара ја видела Библијата на масичката во спалната. Се сетив дека Борис ја читаше пред да заспие. Ќерката дојде плачејќи и ми покажа дека татко ѝ последната ноќ од својот живот го читал и го обележил шеесет и четвртиот псалм. Во тој псалм пишува: „Послушај го, Боже, гласот на мојата жалба, чувај ми го животот од страшен непријател. Штити ме од множество лукави, скриј ме од бесот на злодејците, кои ги острат јазиците како мечеви; исфрлаат отровни зборови како стрели за да го ранат потајно невиниот, за да го ранат одненадеж, не плашејќи се од ништо. Подготвени се за пакосно дело, смислувајќи како да постават крадум стапици, и зборуваат: кој ќе нѐ види“. Псалмот продолжува и понатаму, но и дотука е доволно за да се види колку сето тоа се совпаѓаше со она што се случи во близина на Мостар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Билјана Беличанец-Алексиќ во периодот од 2013 до 2017 година ја извршувала функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода. Таа беше актерка во Драмскиот театар Скопје и мајка на две деца.

ЕДНА ГОДИНА ОД СМРТТА НА БЕЛИЧАНЕЦ- Туфи никогаш нема да биде заборавена!

Пред една година на денешен ден Македонија ја потресе веста за смртта на една од најпознатите...

Џонсон бил сместен на интензивна нега поради „постојани симптоми на коронавирус“, јавува Даунинг стрит.

ВЛОШЕНА СОСТОЈБАТА НА БОРИС ЏОНСОН: Британскиот премиер итно пренесен на интензивна нега!

Британскиот премиер Борис Џонсон е сместен на интензивна нега поради корона вирусот. Премиерот...

Бабата на претседателот Стево Пендаровски, мајката на неговата сопруга Елизабета, починала вчера, а посмртно беа земени брисеви за вирусот Ковид-19.

Излегоа резултатите од тестот за коронавирус на бабата на претседателот која почина вчера!

Денеска од кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски информираа дека...