Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 21 степен.
Потоа до вторник нашата територија ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни бранови кој повремено ќе условуваат врнежи од дожд.

Објавил: Стојче Бушин | 26 септември, 2020 8:26

ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ ВО МАКЕДОНИЈА: Детална временска прогноза!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Под влијание на моќна циклонска активност, денес времето во нашата држава ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кој локално ќе бидат проследени со појава на грмежи.

На некои места врнежите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. Ќе дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец кон локално ќе биде СИЛЕН (над 70 км/час, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 16 до 25 степени.
 
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од југозападен правец, ќе има услови и за појава на грмежи.
Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 21 степен.
Потоа до вторник нашата територија ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни бранови кој повремено ќе условуваат врнежи од дожд.
Локално истите ќе бидат поинтензивни.
Ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.
 
Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Загадено е и во други градови низ државава, освен на планините каде воздухот е значително почист и посвеж.

СЕВЕРНИОТ ВЕТЕР ВО ПЕТОК ЌЕ ЈА НАМАЛИ ЗАГАДЕНОСТА НА ВОЗДУХОТ НИЗ КОТЛИНИТЕ – ДЕТАЛИ

Влеговме во период во кој загаденоста низ котлините забрзано расте, па така овие денови...

Сепак и поркај ова, промени се можни, поради тоа што се работи за долгорочна анализа на времето.

МЕСЕЦ НОЕМВРИ ГИ НОСИ ПРВИТЕ УСЛОВИ ЗА ВРНЕЖИ ОД СНЕГ И НА ПОНИСКИТЕ МЕСТА НИЗ МАКЕДОНИЈА

Најнови информации за времето! Снегот набрзо доаѓа! Според најновите анализи за времето,...