Тројца врховни судии поради закани и притисоци ја пријавиле Антоанета Димовска, членката на Судскиот совет во Антикорупциска, брифираат извори за Алфа.
Таа направила обид Судскиот совет да ги разреши судиите бидејќи сестра ѝ, поранешната пратеничка на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева го изгубила случајот во Врховен.
Извори на Алфа тврдат дека Димовска на судиите им барала записници ги тормозела и притискала, заканувајќи им се со положбата во Судскиот совет.
Иако советот веќе еднаш одлучил дека судиите постапиле законито кога во составот не била Димовска, сепак по нејзиното назначување и надвор од законот, таа побарала да им се утврдува одговорност за истата пресуда.
Антикорупциска на вчерашната седница побара Судскиот совет и Здружението на судии да поведат дисциплинска постапка за Димовска. Според антикорупционерите, таа била пристрасна водејќи се од приватен интерес бидејќи сестра ѝ е адвокат во случајот.
„Со оглед дека блиско лице, сестра на член на Судски совет била полномошник од редот на адвокатите на странката која ја изгубила постапката пред Врховниот суд, не само што членот на Судскиот совет не смеел да постапува, туку до толку повеќе ниту да се јави во улога на иницијатор за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судии во Врховен суд кои постапувале во тој предмет, каде учествувало негово блиско лице, кое имало или може да има приватен интерес“, нагласи Цвета Ристовска, член на ДКСК.
Имено, Антикорупциска не виде само судир на интереси кај Димовска во предметот со сестра ѝ. Според нив, таа не може да седи на две фотелји во Судски и во Академијата за судии и јавни обвинители. Бараат заедно со колегите од двата совети да се повлечат од Управниот одбор на Академијата.
Сестра ѝ на Димовска, Калеска Ванчева додека беше пратеничка преку нејзиното адвокатско друштво собра 55 илјади евра за паушали од пет државни институции. СДСМ ја бранеше дека од првиот ден на мандатот се откажала од адвокатурата и немала допирна точка со друштвото.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.