Ситуацијата во Ломбардија е моментално многу слична на онаа што ја имавме пред два месеци во Вухан, епицентарот на коронавирусот.

Објавил: Перо Милчин | 23 март, 2020 7:40

Вториот човек на Црвениот крст ЗГРОЗЕН од однесувањето на Италијанците: ДАЛИ МИСЛИТЕ ВИЕ ВООПШТО?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бројот на починати од коронавируси во Италија ги надмина бројот на починати во Кина, од каде опасниот КОВИД-19 се шири на светот, а бидејќи ситуацијата конечно се смирува таму, Кина одлучи да и помогне на најголемато жариште на заразна болест во Европа.

Така да, северниот италијански регион Ломбардија во четвртокот го посети Сун Шуопенг, потпретседател на Црвениот крст на Кина, кој одржа прес-конференција во Милано и упати јасен апел до италијанците.

– Ситуацијата во Ломбардија е моментално многу слична на онаа што ја имавме пред два месеци во Вухан, епицентарот на коронавирусот.

Во Вухан, кој е под строг карантин веќе еден месец, конечно, се забележува тренд на намалување на бројот на пациенти.
Но, тука не постои строга карантинска политика во Милано: јавниот превоз е сè уште во функција, луѓето сè уште се движат, вие сè уште излегувате на вечери и забави во хотелите, а не носите маски …

Не знам дали мислите вие воопшто…

Разберете, секој граѓанин мора да биде вклучен во борбата против коронавирусот. Би ве советувал веднаш да престанете со сите економски активности и да ја намалите подвижноста на луѓето. Сите треба да останете дома, човечките животи се огромни – рече Сун Шопенг, кој од прва рака беше сведок во Италија многу проблеми поврзани со спречување на ширење на инфекцијата СОВИД-19, пренесува Си-Ен-Ен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Комисијата исто така го одобри предлогот на Франција да гарантира помош од 300 милијарди евра за да помогне во олеснување на економската криза погодена од пандемијата на коронавирус.

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ОДОБРИ ПОМОШ: Три држави ќе добијат милијарди евра!

Европската комисија одобри пакети за финансиска помош на Грција, Полска и Португалија...