Вкупната излезност на гласачите на изборите за Државната дума на Русија вчера до 20 часот по московско време изнесува 16,85 проценти, објави руската Централна изборна комисија.

Објавил: Перо Милчин | 18 септември, 2021 9:47

Втор ден од изборите во Русија, вчерашната излезност 16,85 отсто

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рускиот претседател Владимир Путин вчера гласал електронски на руските парламентарни избори, бидејќи е во изолација поради големиот број заразени со корона вирусот во неговата околина.

Тој ги повика Русите да излезат на гласање или да ја користат електронската апликација во седумте региони каде што е достапна.

„Во овие услови на здравствени ограничувања, карантин, ја извршував својата граѓанска должност преку Интернет“, рече Путин, според снимките што ги пренесува руската телевизија.

Вкупната излезност на гласачите на изборите за Државната дума на Русија вчера до 20 часот по московско време изнесува 16,85 проценти, објави руската Централна изборна комисија.

Изборите за 450 пратеници во Думата се одржуваат до утре, 19 септември.

Пратениците се избираат за петгодишен мандат според мешан изборен систем: 225 пратеници се избираат од партиските листи и уште 225 од едномандатни изборни единици во еден круг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Лозан Панов и Марија Касимова-Моасе, предложени од иницијативниот комитет за претседател и потпретседател и поддржани од Демократска Бугарија, исто така, добија регистрација од ЦИК во постапка на недовршена верификација на потписите на кандидатската листа.

Рекордни 24 претседателски кандидати за изборите во Бугарија на 14 ноември

Рекорден број од 24 кандидати од партии, коалиции и иницијативни комисии се регистрирани...

Почнувајќи од денеска, 10 октомври, Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување за нашите државјани на нејзината територија, објави на Фејсбук шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

Од денеска е укината забраната за патување во Бугарија

Од денеска е укината забраната за патување во Бугарија! Почнувајќи од денеска, 10 октомври,...