Според досегашната состојба на теренот, гласањето се одвива без поголеми застои. Времето за проверка на биометриските податоци преку читачите на отпечатоци од прсти е скратено.

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 октомври, 2021 9:31

Втор круг локални избори: Се гласа за градоначалници во 44 општини

Фото/Текст извор: ©магазин/глас на америка

Државната изборна комисија отвори бесплатен телефонски број 0800 555 44 за пријавување евентуални изборни неправилности и повреди на гласачкото право!

Рано утринава во 7 часот беа отворени гласачките места во 44 општини од вториот круг на локалните избори. Се бираат градоначалници, а право на глас имаат 1.353.990 избирачи.

Според досегашната состојба на теренот, гласањето се одвива без поголеми застои. Времето за проверка на биометриските податоци преку читачите на отпечатоци од прсти е скратено.

Членовите на избирачките одбори добија инструкции читањето на прстите да се одвива според следниот редослед: Прво се чита показалецот од едната рака, доколку уредот не го препознава, тогаш следи обид со показалецот од другата рака. Доколку и во тој случај уредот не може да го исчита гласачот, се вметнува личната карта. Како последен обид, се оди со рачно вметнување на единствениот матичен број на граѓанинот.

На располагање имаме над 400 лица за техничка поддршка на Избирачките одбори кои ќе може да излезат на терен и на лице место и да им помогнат доколку се соочат со потешкотии. Сега се гласа на помал број избирчаки места така да присутноста на терен ќе биде уште поголема“, соопшти Љупка Гугучевска од ДИК!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

„Тоше“ Проески познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија.

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ТОШЕ: Се сеќаваме на тебе

Денес изминуваат 41 година од раѓањето на најголемата македонска ѕвезда, нашиот ангел...

Поради пандемијата, бројот на пријавени граѓани кои влегоа во водите беше ограничена на 20-тина, а по претходен договор меѓу капачите, немаше традиционало скокање по крстот, туку сите заедно и прегрнати до дочекаа положувањето на крстот.

ГРУПНО ФАЌАЊЕ НА КРСТОТ ВО ВОДИТЕ НА ВАРДАР ВО СКОПЈЕ

По повод празникот Богојавление – Водици на мостот „Слобода” кај х. Холидеј ин...