Македонските ракометари до 18 години го победија Луксембург со 31:25

Објавил: admin@magazin | 11 август, 2018 18:20

Втор триумф за Македонија на ЕП во Грузија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Македонските ракометари до 18 години го победија Луксембург со 31:25 во второто коло од ЕХФ шампионатот во Грузија.

По вчерашната победа над Литавнија, македонските надежи денеска беа подобри од Луксембург. Првото полувреме беше изедначено, Македонија водеше, но противникот успеваше да изеначува, на полувремето се отиде со нерешени 14:14.

Рано во второто полувреме Македонија успеа да се одлепи на четири разлика 22:18 и до крајот на мечот не дозволи Луксембург посериозно да се доближи. Конечниот резултат гласеше 31:24 за нашите момчиња.

Најефикасен во нашата селекција беше Ненад Костески со девет голови, Кристијан Симоноски постигна седум.

Утре во 11 часот Македонија го игра третиот меч, противник ни се Фарските Острови против кои исто така сме големи фаворити.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Ракометарите на Вардар со голема победа го започнаа настапот во новата сезона во најелитното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Европскиот првак од две сезони славеше на гостувањето кај актуелниот европски првак, Монпелје, со 24-27.

Покорен европскиот првак: Вардар славеше среде Монпелје!

Ракометарите на Вардар со голема победа го започнаа настапот во новата сезона...