Александар Вулин, кој ја извршуваше функцијата министер за внатрешни работи во Владата на Србија ќе остане без таа функција.
Ова произлегува од списокот на нови министри на српската влада, предложен од премиерката Ана Брнабиќ, а прочитан од претседателот и лидер на СНС, Александар Вучиќ, кој е и претседател на Србија, на седницата на Централниот комитет на Српската напредна партија.
Секторот за внатрешни работи од Александар Вулин ќе го преземе првиот човек на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Братислав Гашиќ, а Вулин ќе седне во фотелјата каде што седеше Гашиќ, односно ќе стане шеф на БИА.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.