Вулин наведува дека Вучиќ еден месец „пуштил моќните амбасадори и нивните газди да мислат дека можат да одлучуваат“.

„Се надевам дека ги научија лекциите. Вучиќ е слободен лидер на слободна нација и додека ја води Србија, и како претседател на Србија и како претседател на сите Срби, странците нема да одлучуваат“, рече Вулин.

Тој нагласи дека ова е негова „последна изјава“, но дека за доброто на Вучиќ и за доброто на Србија мора да каже дека „ги води слободен човек“.

Објавил: Перо Милчин | 2 декември, 2022 6:03

Вулин: Мојот избор за директор на БИА е доказ дека странците не одлучуваат во Србија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на Движењето на Социјалистите, Александар Вулин вечерва изјави дека неговиот избор за директор на Безбедносно-информативната агенција (БИА) е доказ дека странците не носат одлуки во Србија.

„Мојот избор за директор на БИА е доказ дека Александар Вучиќ не попушта под притисок и дека странците не одлучуваат во оваа држава. Можеби на некои им изгледаше дека попуштил на сила и закани, но Вучиќ е човек кој ја слуша и сака само Србија“, изјави Вулин.

Вулин наведува дека Вучиќ еден месец „пуштил моќните амбасадори и нивните газди да мислат дека можат да одлучуваат“.

„Се надевам дека ги научија лекциите. Вучиќ е слободен лидер на слободна нација и додека ја води Србија, и како претседател на Србија и како претседател на сите Срби, странците нема да одлучуваат“, рече Вулин.

Тој нагласи дека ова е негова „последна изјава“, но дека за доброто на Вучиќ и за доброто на Србија мора да каже дека „ги води слободен човек“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија

Администрацијата на манастирот тогаш донела одлука дека милоста веќе нема да се дава бидејќи манастирските резерви завршуваат. Лошата состојба во Русија можеби придонело за тоа, со помалку и помалку придонеси за самиот манастир.

ФОТОГРАФИЈАТА ОД СВЕТА ГОРА КРИЕ МИСТЕРИЈА: Ако ниту една жена не смее да се движи, тогаш која е таа – насликано ЧУДО во руски манастир

Фотографијата била направена на 3 септември 1903 година и била објавена од архивот на...

„ Тие се повикуваат на Резолуцијата 1244 каде ја нагласуваат својата улога, но не се повикаа на делот од Резолуцијата каде што е можно да го одбијат, такво нешто не постои. Некој доволно паметен тоа им го составил, бидејќи тие немаат право да го одбијат тоа барање, знаеле дека немаат на што да се повикаат, но се повикаа на позтивната норма дека имаат право и обврска да го чуваат редот и поредокот. “-Александар Вучиќ – претседател на Србија

Во меѓувреме, неколку илјади Срби излегоа на протест во Штрпце поради пукањето врз двете српски момчиња Стефан и Милош Стојановиќ кое се случи пред два дена од страна на припадник на косовската полиција..

Од партијата Српска листа која е организатор појаснуваат дека нивното незадоволство е поради бруталните обиди за убиство на српските момчиња, но и за континуираната антисрпска репресија. Градоначалникот на Штрпце Далибор Јефтиќ пред присутните кажа дека е време меѓународната заедница да го вразуми косовскиот премиер Курти...

„ Резултатот на политиката на актуелната власт во Приштина доведе до тоа поединци да мислат дека може слободно да пукаат во нашите деца, тоа е најголемиот проблем. И затоа, пораката е до преставниците на меѓународната заедница уште еднаш да го вразумат Курти да престане да ги напаѓа нашите деца. Како што ви кажавме вчера, децата нема да ги ви простиме. “-Далибор Јефтиќ – Градоначалник на општина Штрпце

На приодот кон Штрпце за време на протестот беа присутни неколку патроли на косовската полиција и КФОР.

КФОР го одби барањето за враќање на српската војска на Косово

Белград доби негативен одговор од КФОР за барањето за враќање на 1.000 српски војници...

Повлекувањето на барикадите почна вчера откако Србите од Косово доца вечерта во средата се сретнаа со претседателот на Србија Александар Вучиќ кој ги повика да се повлечат затоа што преговорите до САД и ЕУ добиле цврсти гаранции дека ќе бидат исполнети нивните барање.

Како дел од преговрите беа ослободени Србите кои беа затворени и поради кои и беа поставени барикадите.

Продолжува отстранувањето на барикадите на северот на Косово

Утрово продлжува повлекувањето на барикадите кои ги поставија Србите на неколку места...