Пред три години, Србија избра претседател кој воспостави и спроведува политика на воена неутралност.

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 мај, 2020 13:00

Вулин: Откако Вучиќ е шеф на државата, Србија е ПОДОБРА И ПОСИЛНА, а граѓаните се побезбедни!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на социјалистичкото движење, Александар Вулин, вели дека Србија е подобра и посилна држава, а Србите се побезбедни, по обединети и поуспешни луѓе по три години откако Александар Вучиќ ја презеде функцијата претседател на Србија.

„Пред три години, Србија избра претседател кој воспостави и спроведува политика на воена неутралност, се бореше за правото на нашиот народ да одлучи без странци, ја зајакна нашата економија и ги собра и обедини сите Срби во регионот околу српската политика“, рече Вулин.

Вулин додаде и дека Србија, кога ќе избере самостојно, никогаш не прави грешки.

Тој додаде дека властите во Црна Гора не се борат против вирусот „ковид-19“, туку против Србите, рече министерот за одбрана.

Тој истакна дека забраната за влез на Србите во Црна Гора треба да помогне во градењето на татковинскиот идентитет на Црна Гора.

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин неодамна на македонскиот претседател Стево Пендаровски му порача дека темата како Србија ќе го реши проблемот со Косово не е тема за него. Како што молчи за „голема Албанија”, треба да молчи и за Србија, реагирал Вулин по изјавата на Пендаровски дека грозна е идејата за размена на територии помеѓу Косово и Србија и дека идејата за корекција на границите меѓу Белград и Приштина е незамислива.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија

Според податоците на сајтот на Здравствениот центар во Врање, до 2 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини изнесува 68.548.

Во Врање досега се вакцинирани 10.390 македонски граѓани

Во Република Србија во Врање досега со првата доза вакцинирани се 10.390 македонски граѓани,...

Околу 15.000 македонски државјани веќе се вакцинираа во Србија, најголем број од нив со „АстраЗенека“, која во Македонија е достапна само за лицата над 60 години.

Србија од 21 јуни почнува со прослави, Вучиќ ги кани граѓаните од регионов да се вакцинираат

Граѓаните на Србија од 21 јуни ќе можат да организираат прослави, најави премиерката...